Достапни линкови

Времето денеска: претежно сончево


Во Македонија ќе биде стабилно и суво. Во западните делови ќе биде претежно сончево, а во останатите во утринските часови ќе има појава на магла и мала до умерена облачност, но кон средината на денот ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините. Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од 14 до 20 степени. Во Скопје во утринските часови ќе биде магливо, а преку денот претежно сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

XS
SM
MD
LG