Достапни линкови

Нападната болница во Јемен


Од Лекари без граници соопштија дека една од нивните болници била уништена во воздушен напад во северната јеменска покраина Сада. Во нападот нема повредени или жртви. Во првиот напад била погодена административната зграда на болницата, по што целиот персонал и пациенти биле евакуирани. Вториот напад на главната зграда се случил 10 минути подоцна. Според Лекари без граници, 99 проценти од објектот биле уништени.

XS
SM
MD
LG