Достапни линкови

Западните дипломати бараат ВМРО-ДПМНЕ да го почитува договорот од Пржино


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Побаравме од ВМРО-ДПМНЕ да демонстрираат посветеност и да го спроведат договорот во конструктивен и итен начин и во добра волја. Веруваме дека спроведувањето на договорот од Пржино е најдобриот пат за излез од оваа политичка криза. Побаравме од премиерот Груевски да го охрабри својот тим да ги финализира нерешените прашања од договорот од Пржино, соопштија западните амбасадори.

Неуспехот итно да се спроведе договорот од Пржино, кој е најдобриот пат за излез од оваа политичка криза, ќе се одрази на односот на Европската комисија кон земјата, порачаа попладнево преку заедничко соопштение амбасадите на Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Европската унија. Во име на амбасадорите заедничката усогласена изјава пред зградата на Владата ја прочита британскиот амбасадор Чарлс Гарет. Со него дојдоа амбасадори и заменици, кои по изјавата веднаш заминаа.

Побаравме од ВМРО-ДПМНЕ да демонстрираат посветеност и да го спроведат договорот во конструктивен и итен начин и во добра волја. Веруваме дека спроведувањето на договорот од Пржино е најдобриот пат за излез од оваа политичка криза. Побаравме од премиерот Груевски да го охрабри својот тим да ги финализира нерешените прашања од договорот од Пржино.

„Владите и особено нивните први луѓе имаат посебна одговорност во време на политичка криза.Доколку делуваат веднаш и јасно покажат преку дејствувањето дека имаат волја, меѓународната заедница е спремна да ги поддржи тие напори“, рече Гарет.

Тој претходно нагласи дека во петокот доцна вечерта на средбата со премиерот Груевски го изразиле нивното разочарување од неуспешното запазување на крајниот рок, 20 октомври, наведен во договорот од 15 јули од Пржино за смена на министрите.

„Побаравме од ВМРО-ДПМНЕ да демонстрираат посветеност и да го спроведат договорот во конструктивен и итен начин и во добра волја. Веруваме дека спроведувањето на договорот од Пржино е најдобриот пат за излез од оваа политичка криза. Побаравме од премиерот Груевски да го охрабри својот тим да ги финализира нерешените прашања од договорот од Пржино“, рече Гарет, кој нагласи и дека неопходните реформи се важни за да се осигураат избори кои ќе бидат признаени и меѓународно и дома.

Од СДСМ, рече тој, исто така побарале почитување на договорот и да ја исполнат обврската и да не објавуваат понатаму прислушуван материјал.

Амбасадорите повторно инсистираа на јавната обвинителка да ѝ се овозможат ресурсите што ги бара за да може да започне со, како што рекоа, важната работа што ѝ претстои.

Од опозицијата, пак, претходно брифираа дека нема апсолутно ништо ново во преговорите што ги води белгискиот посредник Питер Ванхауте. Од таму додаваат дека останува само формата на одделни консултации на Ванхауте со партиските претставници. И самиот Ванхауте вчера преку електронска пошта информираше дека се фокусира на билатерални средби, со цел да се решат двете клучни прашања: изборот на преостанатите јавни обвинители во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, како и именувањето на министри и заменици министри во Владата

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG