Достапни линкови

logo-print

Вучиќ-Србија ќе остане пријателски настроена кон Русија


Српскиот премиер Александар Вучиќ и рускиот премиер Дмитри Медведев.

Српскиот премиер Александар Вучиќ и рускиот премиер Дмитри Медведев.

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави денеска дека неговата земја се покажала како пријателски настроена кон Русија кога одбила да спроведе санкции против неа и ветила дека ќе продолжи со таквата политика. Тој по средбата со рускиот премиер Дмитри Медведев во Москва порача и дека Србија ќе и остане пријател на Русија од рационални причини.

Според него, Србија е блиску до склучување договор со Газпром за проширување на складирањето гас до една милијарда кубни метри. Вучиќ го поканил и Медведев да го посети Белград во наредната година.

XS
SM
MD
LG