Достапни линкови

Србија нема да поставува жица на границите


Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека неговата земја нема да поставува жица на своите граници. Тој во интервју за германскиот дневен весник „Ханделсблат“' посочува и дека не може да ја замисли ситуацијата во која тоа би го направила и Германија, бидејќи во бегалската криза сите гледаат кон таа земја.

Според него, сеедно е дали и Хрватска ќе крева жица на границата кон Србија, неговата Влада нема да крева жица на границата, ниту кон Бугарија, ниту кон Македонија. Вучиќ нагласи и дека во Србија не владее нервоза кон бегалците, каква што, според него, може да се забележи во регионот.

XS
SM
MD
LG