Достапни линкови

logo-print

Британските војници ќе останат во Авганистан


Британскиот секретар за одбрана Мајкл Фелон

Британскиот секретар за одбрана Мајкл Фелон

Велика Британија ќе го задржи сегашното ниво на нивните војници во Авганистан и во наредната година. Британскиот секретар за одбрана Мајкл Фелон денеска го информираше Парламентот за одлуката. Претходно САД соопштија дека исто така ќе задржат 5500 војници во Авганистан и по крајниот рок за нивно повлекување до крајот на годинава. НАТО побара и од другите нивни сојузници да го направат истото. Фелон изјави дека одлуката на САД и Велика Британија ја покажува континуираната посветеност на НАТО во обуката на авганистанските сили.

XS
SM
MD
LG