Достапни линкови

logo-print

Функционерите се држат за фотелјите како да се родени со нив и покрај грешките и пропустите во институциите што ги водат. Секогаш вината се бара кај пониските ешалони, а министрите се недопирливи.

Моралната одговорност е непознат поим во македонската политика, лишена од морал. Функционерите се држат за фотелјите како да се родени со нив и покрај грешките и пропустите во институциите што ги водат.

Политичарите во Македонија се доживуваат како недопирливи, како безгрешни, а тоа доаѓа оттаму што сè уште владее духот на задкулисни игри за местење неспособни луѓе на позиции.

Само во изминативе неколку дена во гевгелиската болница, поради грешка на пијани анестезиолози, почина трудница и нејзиното неродено бебе. Потоа почина трудница на скопска гинекологија и 14-годишно девојче во гевгелиската болница.

По смртта на родилката во Гевгелија, Министерството за здравство најави истрага и изрази сочуство за изгубените животи. Лекарската комора, пак, апелира критиката да не се генерализира за сите здравствени работници поради двајца комплетно неодговорно доктори.

Аналитичарите посочуваат дека функционерите прават класична замена на тези со тоа што одговорноста ја лоцираат само во директните виновници, а тие се амнестираат. Тие што се директно виновни ќе одговараат пред законот, но моралната одговорност ја понесува тој во чиј ресор се случуваат грешки, велат тие.

Социологот, професор Илија Ацески вели дека непонесувањето морална одговорност е резултат на погрешно поставениот систем

„Политичарите во Македонија се доживуваат како недопирливи, како безгрешни, а тоа доаѓа оттаму што сè уште владее духот на задкулисни игри за местење неспособни луѓе на позиции. Значи, моралната одговорност овде сега повеќе навлегува во она што значи материјална расправа за тоа како функционира системот“, вели тој.

Ацески вели дека поентата на барањето одговорност од највисоките функционери е во тоа тие да внимаваат кого поставуваат на пониските раководни позиции.

Министерот за здравство Никола Тодоров е на удар на јавноста речиси цела година поради пропустите во неговиот сектор. Протести за негова оставка се организираат од февруари годинава, откако почина деветгодишната Тамара Димовска од Велес не дочекувајќи ја долго најавуваната операција. Под притисок на јавноста, оставки поднесоа директорите на Фондот за здравствено осигурување Мара Парнаџиева-Змејкова и Џемали Мехази, но нивните оставки беа изнудени од протестите.

Протести за барање одговорност има и од градоначалникот на Скопје Коце Трајановски поради низата сообраќајни несреќи со жртви на улиците на градот. Од Град Скопје одговорија дека за сообраќајките не е виновен градоначалникот, туку несовесните возачи.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG