Достапни линкови

Спасувачките операции продолжуваат во Пакистан и Авганистан


Спасувачките операции продолжуваат во Пакистан и Авганистан по силниот земјотрес кој вчера ја погоди јужна Азија. Повеќе од 350 луѓе загинаа, а се очекува бројката на жртви да расте. Во Пакистан 241 луѓе загинаа, а 1500 беа повредени. Во Авганистан бројката на смртни случаи изнесува 115, а повеќе од 230 беа ранети.

Во Пакистан војската и спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до реоните кои беа најтешко погодени по земјотресот. Во Авганистан, талибанците соопштија дека нивните припадници ќе обезбедат помош за жртвите од земјотресот и ќе им го олеснат пристапот на хуманитарните организации. Властите во Кабул соопштија дека пшовеќе од 4000 домови биле уништени.

XS
SM
MD
LG