Достапни линкови

ЕУ и Косово ќе ја потпишат Спогодбата за стабилизација и асоцијација


Маја Коцијанчич

Маја Коцијанчич

Европската унија и Косово денеска ќе ја потпишат Спогодбата за стабилизација и асоцијација се што се отвора патот за членство на Косово во Унијата. Најавено е дека Спогодбата ќе биде потпишана во Стразбур. „Откако ќе биде спроведена, таа ќе донесе поголем економски просперитет, правна сигурност, владина одговорност и политичка стабилност на граѓаните на Косово“, изјави Маја Коцијанчич, портпарол на еврокомесарот за надворешна политика на Унијата. Дипломатски извори за агенцијата Франс прес изјавија дека некои членки на Европската унија изразиле резерви околу оценките за постигнатиот напредок на Косово.

XS
SM
MD
LG