Достапни линкови

Српскиот премиер Вучиќ во Москва


Премиерите на Русија и на Србија Дмитри Медведев и Александар Вучиќ на денешната средба во Москва, како што е најавено во Кремљ, ќе разговараат за односите меѓу двете земји, главно за заедничките проекти во енергетскиот сектор. За утре е предвидено тие да го посетата Форумот за отворени иновации што се одржува во Москва. Поканата од Медведев за оваа посета на Вучиќ му била предадена во април годинава од страна на рускиот амбасадор во Белград Александар Чепурин. Вучиќ последен пат престојувал во Москва во јули минатата година.

XS
SM
MD
LG