Достапни линкови

logo-print

ИД егзекутирала три лица кревајќи во воздух столбови во Палмира


Милитанти на Исламската држава егзекутирале три лица врзувајќи ги за столбови во древниот град Палмира по што со експлозив ги кренале во воздух. Директорот на Сириската опсерваторија за човекови права Абдел Рахман прецизира дека ова се случило пред два дена и оти милитантите не го соопштиле идентитетот на лицата. ИД ги протера државните сили на сирискиот претседател Баша ал Асад од Палмира во мај годинава и од тогаш уништи неколку споменици во античкиот град кој е под заштита на УНЕСКО. Палмира, пред почетокот на војната во Сирија, годишно ја посетуваа над 150 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG