Достапни линкови

Иванов: Македонија има капацитет за 2.000 бегалци


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов изјави дека земјава има капацитет привремено да згрижи 2.000 бегалци. „Имаме капацитет за 1.500 лица на влезот во државата во Гевгелија, и за 500 лица на излезот на државата на северната граница. Тоа е за привремен престој се додека не го продолжат својот пат“, рече тој во интервјуто за телевизија Сител. „Не станува збор за кампови, тоа се дезинформации, ние досега како држава цврсто стоиме дека имаме само привремени прифатни центри кои имаат капацитет за 2.000 лица“, изјави Иванов. Тој додаде дека сите трошоци за мигрантите досега се од буџетски средства и оти само 90 илјади евра биле стигнати од Европската унија. „Потрошени се пет милиони евра, без да се пресметаат здравствените и социјалните услуги, како и услугите на хуманитарните организации“, рече Иванов.

XS
SM
MD
LG