Достапни линкови

„Оди си Никола“ извикуваат демонстрантите пред Влада


Протестите пред Владата во Скопје.

Протестите пред Владата во Скопје.

Околу стотина луѓе во моментов протестираат пред зградата на Владата во Скопје. Протестите се организираа преку социјалните мрежи. Едниот како што беше најавено на Фејсбук, е под мотото„ Доста е“ а во организација на Левичарското движење Солидароност. Причините, како што се наведува биле „сериските убиства“ по болниците и на улиците.

Другиот протест именуван како „Граѓани на нозе“, повикува на одговорност од Владата, пред се од премиерот Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров бидејќи, како што наведуват истекува времето за Македонија и за преговори.

Тие извикуваат „Оставка за Тодоров“, „Доста беше молк“ и „Убијци“, како и „Стоп за убиствата во собраќајот“ и „Оди си Никола“. Демонстрантите од Владата ќе се упатат и кон Клубот на пратеници.

XS
SM
MD
LG