Достапни линкови

Најмалку 160 жртви од земјотресот во Авганистан и Пакистан


Повредени луѓе од земјотресот во Пакистан

Повредени луѓе од земјотресот во Пакистан

Повеќе од 30 луѓе загинаа во Авганистан, а над 130 во Пакистан од силниот земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала кој ја погоди јужна Азија. Се очекува да расте бројката на жртви од земјотресот, а причинети се и големи материјални штети. Земјотресот кој траел околу една минута се почуствувал и на 400 километри одалченост од епицентарот, односно во главниот град на Таџикистан, Душанбе, кој се наоѓа во централна Азија.

Во Авганистан меѓу жртвите има и 12 девојчиња кои загинале во стампедо во училиште во градот Талокан. Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Јурм, кој се наоѓа во североисточниот дел на Авганистан на 250 километри од Кабул.

XS
SM
MD
LG