Достапни линкови

Ванхауте-Да се избегне одложување на договореното од Пржино


Питер Ванхауте

Питер Ванхауте

Белгискиот експерт Питер Ванхауте изјави денеска дека земајќи ги во предвид последните случувања, работна група се договорила да се фокусира на билатерални средби, со цел да се решат двете клучни прашања, односно изборот на преостанатите јавни обвинители во Специјалното обвинителство и именувањето на министри и заменици министри во Владата.

Според него, откако ќе се постигне договор, ќе се свика средба со работна група која официјално ќе ги одобри одлуките кои се донесени за време на билатералните средби. Ванхауте, кој е вклучен во преговорите смета дека треба да се избегне какво било одложување на спроведувањето на Договорот од Пржино. Тој порачува дека е во интерес на сите граѓани на Македонија да се продолжи со имплементација на прашањата опфатени во договорот, со цел да не се загрози интеграцијата на земјата во НАТО и во ЕУ.

XS
SM
MD
LG