Достапни линкови

Уапсен напаѓачот на касарна во Белгија


Полицијата во Белгија го уапси мажот кој се обиде насила со автомобил да помине преку влезот на касарната во Флавине во близина на градот Намјур. Локални медиуми јавија дека чуварите на бараките возвратиле со оган и притоа никој не бил повреден. Возачот откако избегал од местото на инцидентот бил пронајден во близина. Локалното обвинителство не даде дополнителни информации, туку само соопшти дека инцидентот е под истрага.

XS
SM
MD
LG