Достапни линкови

Расте бројката на жртви од земјотресот во јужна Азија


Најмалку 70 луѓе загинаа, а десетици се повредени во силниот земјотрес од 7,5 степени според Рихтеровата скала кој ја погоди јужна Азија. Земјотресот кој траел околу една минута се почуствувал и во главните градови на Пакистан, Авганистан и Индија. Пакистанските власти соопштија дека најмалку 60 луѓе загинале во земјата. Во Авганистан има 17 жртви, од кои 12 девојчиња кои загинале во стампедо во училиште во градот Талокан. Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Јурм, кој се наоѓа во североисточниот дел на Авганистан на 250 километри од Кабул.

XS
SM
MD
LG