Достапни линкови

logo-print

Преработките од месо може да предизвикаат рак


Светската здравствена организација соопшти дека преработките од месо како виршлите, колбасите и шунката може да предизвикаат рак на дебелото црево. Според извештајот на организацијата и јадењето на црвено месо веројатно ја предизвикува истата болест. Организацијата нагласува и дека преработките од месо сега ќе бидат ставени во групата еден на листата на која се наоѓаат и тутунот, азбестот и дизел гасовите.

Црвеното месо, во кое се вклучени, телешкото, јагнешкото и свинското се ставени во втората група како веројатно канцерогени. Извештајот се заснова на студијата спроведена на над 800 испитаници за поврзаноста на консумирањето месо со канцерот.

XS
SM
MD
LG