Достапни линкови

Шумските имоти немаат заштита од кражби


Илустрација.

Илустрација.

Жителите и сопствениците на имоти на шарпланинското село Варвара се жалат дека крадци им ги берат костените, а тие немаат никаква заштита од полицијата.

Сопствениците на имоти во шумските предели околу шарпланинските села на кои имаат костенови дрва велат дека секоја есен сè повеќе на интензитет добива појавата луѓе од други места да доаѓаат и да ги соберат овие плодови. Во екот на сезоната на питоми костени во селото Варвара, каде околината изобилува со оваа овошка, наместо да ја собираат жителите на селото и сопствениците на имотите, тие разочарано констатираат дека веќе нема што да земат од гранките.

Тоа за јадење е. Ова е овошје, да кажеме. За јадење ќе дојде дете ќе набере, па ако треба и да му дадеш едно торбиче. Ама сега жена, со деца или ги оставиле децата дома и дошла да бере костени во туѓ имот. Тоа е сè варварски имот.

„Наназад неколку години ние не можеме зрно да земеме таму. Значи ти ќе отидеш, а таму дошол некој. Што да правиш, да се тепаш? Му викаш на детето потргни се, ова е наше. Еве јас дојдов денес без костени, а тој носи вреќа.“

„По селава лани и годинава не гледа дали е твое или мое. Секој иде, влегува слободно, бере, ич гајле нема“, се жалат сопствениците.

Ангелина Тодоровска е на шеесетина година и вели дека не памети до пред пет години да се случувало ваков криминал. Некогаш било срамно да се види човек како влегува и да го бере туѓиот имот, сега самите берачи се посилни од сопствениците, вели таа.

„Тоа за јадење е. Ова е овошје, да кажеме. За јадење ќе дојде дете ќе набере, па ако треба и да му дадеш едно торбиче. Ама сега жена, со деца или ги оставиле децата дома и дошла да бере костени во туѓ имот. Тоа е сè варварски имот“, револтирано објаснува Ангелина.

Мештаните велат дека безуспешни се телефонските повици до полицијата да реагира и да ги спречи крадците. Миле Серафимовски од месната заедница смета дека тие самите треба поорганизирано да пристапат кон проблемот и со превентивни дејствија пред да почне бербата да се спречи појавата.

„Значи помасовно да се застане и да се разговора. Да се кажат проблемите, а полицијата ќе изнајде начин за решавање. А вака секој паушално ќе се јави. А ако се јават 100 души дека имаат проблем, 100 полицајци нема во општина Теарце. И само тие проблеми ќе ги решаваат. Значи дека треба друг начин на решавање, друг начин на размислување при донесување на решението“, објаснува Серафимовски.

Според сознанијата на жителите на Варвара, таканаречените диви берачи ги продаваат костените за откуп од по 40 денари, додека на зелените пазари достигнуваат и повеќе од 80 денари за килограм.

XS
SM
MD
LG