Достапни линкови

logo-print

Најмногу коментари за неуспешниот договор од Пржино


Неуспехот да се спроведе договорот од Пржино во договорените рокови е најкоментирана тема на нашата интернет страница.

Се разбира, нашите прилози во врска со неуспешните преговори меѓу партиите за решавање на политичката криза во земјава се најкоментираните на нашата веб-страница и на нашиот Фејсбук. За најавите за црни листи на политичарите, Ситизен смета дека на граѓаните тие ништо не им помагаат, „они нафатирани, ние соголени и плус угнетени и заплашувани“, напишал.

Сè додека ЕУ и САД генерализираат и зборуваат во множина дотогаш лоповската власт ќе ги влече за нос и нив и граѓаните. Покажете со прст!

Незабеган вели дека после сè, останува само улицата, а тоа е она што го сака МВРО-ДРПМНЕ-МПЦ-(с)МРТ (триглавата ламја): да има улични демонстрации каде што ќе вметнат свои партиски агенти - провокатори, да се направи општо насилство за да се „прогласи“ полициски час/вонредна состојба... лов во матно во кое оваа ламја најдобро се снаоѓа и се снаоѓала...

Алтер коментира: „Сè додека ЕУ и САД генерализираат и зборуваат во множина дотогаш лоповската власт ќе ги влече за нос и нив и граѓаните. Покажете со прст! А граѓаните да сфатат дека лопови и диктатори сами не си одат!“ - порачува Алтер.

Потпишан со Манипуланти смета дека СДСМ „ја зафркна целата работа со шаторите и омекнувањето на протестите“. Стојан Здравков на нашата Фејсбук страница коментира: „Треба веднаш да заврши оваа агонија и лицемерие, да се прекине со преговори и да се продолжи со ʼбомбитеʻ“. „Море каков договор со апаши? Кај го има тоа?“ - постирала Тина Поп-Христова.

По обвинувањата од страна на владејачката партија дека за прекинот на преговорите и за можната изолација е виновен СДСМ, Валентина Мурова иронизира: „Откако сте на власт, сè некој друг ви е крив, нели малку претеравте? Не знам само како и пиштолот на Мијалков не му го ставил некој друг во торбата?“ Со уште поголема иронија се јавила Наталија Ѓоргиева: „Па, нормално, виновен е СДСМ, па на власт се веќе 10 години. Нема кој друг да е крив, а можеби и БЦ!“

Во врска со опструкциите на специјалната јавна обвинителка и нејзиниот тим, Песимист од Скопје коментира на нашата веб-страница: „Додека корумпираниве восочни фигури сфатат, народот веќе масовно се иселува во земји каде што владеат основни човекови права и нормален живот. На крајот, Груевски или Заев ќе си останат самите да си владеат со себе“. Жарко Ангеловски на Фејсбук коментира: „За ваков незапамтен криминал во Европа се потребни 170 обвинители. Ова е најголемата мафија во свет ДПМНЕ. Мора да се сотре што побрзо“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG