Достапни линкови

Асад е подготвен на избори во Сирија


Сирискиот претседател Башар ал Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад е подготвен да одржи парламентарни и претседателски избори со учество на сите политички сили кои сакаат напредок на земјата. Ова го изјави рускиот пратеник Александар Јушченко по неговата средба со Асад во Дамаск. Јушченко го цитираше Асад дека би се кандидирал на изборите доколку „сирискиот народ го сака тоа“. Сириската државна телевизија во врска со посетата на руската парламентарна делегација на Дамаск објави дека елиминирањето на терористичките групи ќе води до политичко решение во земјата. Русија, како клучен сојузник на Асад смета дека тој треба да биде дел од секое привремено решение на конфликтот, додека Западот се противи на тоа.

XS
SM
MD
LG