Достапни линкови

Полскиот премиер го призна поразот на изборите


Полскиот премиер Ева Копач го призна поразот на парламентарните избори откако излезните анкети покажаа дека конзервативната Партија на законот и правдата ја победи нејзината Граѓанска платформа. Имено оваа партија добила над 240 од 460 места во Долниот дом на парламентот, додека коалицијата на Копач само 133 места. Партијата на законот и правдата својата кампања ја засноваше врз недоверба спрема Европската унија. Граѓанската платформа е пазарно ориентирана коалиција која беше на власт во Полска во изминативе осум години, период проследен со економска и политичка стабилност во таа земја.

XS
SM
MD
LG