Достапни линкови

logo-print

Соработка меѓу ЕУ и Балканот за мигрантската криза


Лидерите на Европската унија и на балканските земји на состанокот во Брисел се согласија околу планот од 17 точки за соработка во справувањето со бранот мигранти кои минуваат низ Балканот. Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека дел од планот вклучува воспоставување на дополнителни над 100 илјади места во мигрантските центри од Грција до Германија. Јункер додаде дека УНХЦР ќе помогне во креирањето места за 50 илјади бегалци во Грција и за уште 50 илјади места низ земјите од Западен Балкан. Лидерите се договорија и за размена на информации за бегалскиот бран, како и за тоа дека нема да носат еднострани одлуки „чии ефекти ќе имаат негативни последици по другите земји“. Европската гранична агенција Фронтекс ќе ги интензивира активностите за да обезбедува дали се регистрираат мигрантите.

XS
SM
MD
LG