Достапни линкови

Балканските лидери за мигрантите бараат решенија од соседите


Денешната средба на земји од ЕУ по прашањата за миграцијата на Балканот нема да донесе практични резултати без решенија од страна на Турција и Грција, изјави хрватскиот премиер Зоран Милановиќ при пристигнувањето на вонредната средба во Брисел, јави ТАСС.

“ Хрватска е четвртата земја на патот на имигрантите. Хрватска е подготвена да не ги пушта преку границата, ако останатите држави го направат истото. Вистинските причини за кризата се во Турција и Грција и без нивните решенија денешната средба е само површен разговор” рече Милановиќ.

Премиерот на Грција Алексис Ципрас кој исто така е во Брисел, пред почетокот на мини-самитот кој е по иницијатива на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, рече дека тие не можат ништо да сторат без Турција.

“ Ние сме подготвени да ги исполниме сите наши обврски. Да изградиме пет договорени „жешки точки” на островите до крајот на оваа година. Но, што е со останатите земји и нивните обврски? Каде е Турција на денешниот состанок, ако мислиме да донесеме сериозни заклучоци, бидејќи Турција е прва точка на влез на бегалците?”запраша Ципрас.

Како што пренесува МИА Ципрас е всушностединствениот што отворено го поставил прашањето што висело во воздух за отсуството на Турција од самитот.

XS
SM
MD
LG