Достапни линкови

Американски гимнастичарки ќе се натпреваруваат за Белорусија


Две тинејџерки од Соединетите Американски Држави ќе се натпреваруваат на Светскиот шамионат во ритмичка гимнастика за Белорусија откако станаа нејзини држвјани иако никогаш не биле во таа поранешна советска земја. Алаина Кван и Кајли Диксон, двете шеснаесетгодишни од јужна Калифорниа, се пласираа на 73 и 75 место на квалификациите што се одржаа во Глазгов, Шкотска вчера. Тие настапија како дел од белорускиот тим. Минск на двете девојчиња им гарантира двојно државјанство. Нивното присуство во белорускиот тим следува откако не успеаа да се квалификуваат во американскиот но и покрај тоа што е легално предизвика критики и дебати. Нелие Ким, потпреседател на Белоруската гимнастичарска федерација ја бранеше одлуката наведувајќи дека на атлетичарите често им се дава двојно државјанство во потрага по подобри можности. Се уште не се знае дали девојките ќе продолжат да се натреваруваат за Белорусија и во иднина.

XS
SM
MD
LG