Достапни линкови

logo-print

Молдавија:Ослободен лидерот на проруската партија


Молдавските власти го ослободија од притвор Ренато Усатии, лидер на промосковската Наша партија. Судот во Киншаса го одби барањето на обвинителството да му се продолжи притворот на Усатии за 30 дена и нареди тој да биде ослободен.
Одлуката беше донесена додека стотици луѓе пред судот протестираа поради неговиот притвор. Усатии, кој е градоначалник на вториот по големина град во Молдавија, Балти, беше притворен во петокот на аеродромот во Киншаса поради сомнение дека ги прекршил законите за приватност.
Toj на својот Фејсбук профил објави телефонски разговор меѓу бизнисмен и поранешниот премиер Влад Филат кој беше уапсен неделава со обвинение дека земал мито од 260 милиони американски долари.
На партијата на Усатии и беше забрането да учествува на парламентарните избори што се одржаа во ноември лани поради тоа што земала пари од странство.
Нејзиниот лидер ја напушти Молдавија со образложение дека стравува од апсење, но подоцна се врати и се кандидираше за градоначалник на Балти.

XS
SM
MD
LG