Достапни линкови

logo-print

Стапи во сила забраната за летови меѓу Русија и Украина


Од денеска нема директни летови меѓу Украина и Русија, откако стапија во сила новите санкции иницирани од Киев. Летовите запреа откако последните разговори за надминување на кризата меѓу двете страни завршија неуспешно. Киев минатиот месец објави дека ќе ги забрани летовите на руските авиолинии како одмазда за анексијата на Крим во март 2014 година. Москва ја нарече мерката “луда”.
Десетици илјади патници месечно ќе бидат засегнати од оваа забрана.
Тие ќе бидат принудени да патуваат подолго, да плаќаат повеќе за да стигнат преку трети земји или пак да патуваат и по 13 часа со воз.

XS
SM
MD
LG