Достапни линкови

ЕУ загрижена за случувањата во Црна Гора


Делегацијата на Европската унија во Црна Гора денеска изрази загриженост поради судирот на полицијата и демонстрантите за време на протестот во Подгорица синоќа и апелираше за враќање на политичкиот дијалог.

“Очекуваме од надлежните органи ефикасно да ги истражат сите инциденти во согласност со принципите на владеење на правото. И додека демонстранциите претставуваат легитимен и легален начин за изразување на политички и други мислења треба да бидат мирни и во согласност со законот ” се наведува во соопштението.

Делегацијата на ЕУ апелира до сите политички партии повторно да се вклучат во конструктивен дијалог во собранието на Црна Гора кое претставува клучен форум за политичка дебата.

XS
SM
MD
LG