Достапни линкови

logo-print

Брисел: Фронтекс на границата меѓу Македонија и Грција


На мини самитот кој се одржува на иницијатива на претседателот на Европската комисија Џан Клод Јункер во Брисел и кој треба да почне попладнево на лидерите од осум земји-членки на Унијата и на претставниците на Македонија и на Србија ќе им биде претставен конкретен план за справување со бегалско-мигранстката криза, јавува дописникот на МИА од Брисел. Во планот кој во пресрет на самиот го разгледувале работните групи, како што се јавува, три параграфи од 13-тата точка биле поврзани со менаџирање на границите и директно поврзани со Македонија. Во нив се предвидувало: поддршка на посветеноста на УНХЦР да стави посебен акцент на границата меѓу Грција и Македонија, очекување од итна имплементација на билатералните мерки за градење доверба поврзани со границата меѓу Грција и Македонија и поставување на нова операција на Фронтекс на надворешната земјена граница на Грција со Македонија и со Албанија, со фокус на проверките за излез, но исти така и на регистрацијата на бегалците и мигрантите што не биле регистрирани во Грција. Во преамбулата на нацрт-предлогот се наведувало и дека “овој досега невиден проток на бегалци и мигранти долж западно-балканската рута е предизвик што не може да се реши преку национални акции”. Во него се бара и бегалците да се третираат на хуман начин по должината на западно-балканската рута за да се избегне хуманитарна трагедија во Европа а мигрантите што немаат потреба од меѓународна заштита брзо да бидат вратени во нивните земји на потекло. На самиот Македонија ја преставува претседателот Ѓорге Иванов, а на него е присутна и германската канцеларка Ангела Меркел.

XS
SM
MD
LG