Достапни линкови

Лекарската комора:Виновниците за случајот во Гевгелија да бидат санкционирани


Лекарската комора на Македонија ќе ги преземе сите потребни мерки за да се утврди што се случувало во Одделението за гинекологија на Општата болница во Гевгелија каде трагично почина родилка и нејзиното неродено дете. Во рамки на своите надлежности, Комората како професионална асоцијација ќе настојува да утврди и дали има лична одговорност за целата трагедија, а врз основа на тоа ќе реагира и ќе преземе соодветни мерки, се наведува во денешното соопштение на комората. Од таму, како што наведуваат најостро ги осудувале обидите на некои политички партии оваа трагедија да ја искористелеза меѓупартиски пресметки и за политичко поентирање.

“Комората не бара амнестирање од вината за евентуалното непрофесионално однесување на докторите, меѓутоа цени дека треба да се бара одговорност од оние кои неодговорно се однесувале, кои го прекршиле кодексот на медицинската етика и деонтологија, кои загрозиле и го загрозуваат здравјето и животот на пациентите“ се наведува во соопштението.

XS
SM
MD
LG