Достапни линкови

Асад спремен да одржи избори


Руски пратеник соопшти дека сирискиот претседател Башар ал-Асад е спремен да одржи претседателски и парламентарни избори.

“Тој е подготвен да одржи избори со учество на сите политички сили кои и посакуваат напредок на Сирија” рече Александр Јушченко од Комунистичката партија по состанокот со Асад во Дамаск на руската парламентарна делегација.

Јушченко исто така рече и дека Асад бил подготвен да се кандидира себеси за претседател ако Сиријците оценеле дека тоа е неопходно. Според сириските државни медиуми Асад на руската делегација и пренел дека елиминацијата на терористичките групи ќе доведе до политичко решение.
Русија која е клучен сојузник на ал-Асад смета дека сирискиот лидер треба да биде дел од какво било решение на конфликтот, додека западните земји и нивните сојузници инсистираат дека Асад не може да биде дел од сириската иднина.

XS
SM
MD
LG