Достапни линкови

Локални избори во Украина


Украинците денеска гласаат на локални избори на кои се гледа како на тест за преживување на коалицијата на прозападно ориентираниот претседател Петро Порошенко во време на длабока економска криза и конфликт на истокот од од земјата. Гласачите избираат градоначалници и претставници во општинските совети во сите делови од Украина со исклучок на Крим и источната област која е контролирана од сепаратистите поддржани од Русија. Гласачките места остануваат затворени и во југоисточниот град Мариупол по несогласувањата за гласачките ливчиња кои беа печатени во компанија контролирана од влијателниот тајкун Ринат Акметов што ги зголеми стравовите од измами. Според очекувањата партијата на Порошенко, Солидарност се очекува да добие најмногу градоначалници и советници.

XS
SM
MD
LG