Достапни линкови

Уште двајца Иранци загинаа во Сирија


Уште двајца припадници на иранската Револуционерна гарда загинаа денеска во Сирија. Тоа се нови жртви откако Иран вчера потврди дека и вчера во земјата загинаа двајца други припадници на елитната воена единица. Иранската новинска агенција јави дека во последниот инцидент војниците се убиени во градот Алепо на северот од земјата борејќи се против милитантите на Исламската држава. Претходно, Револуционерната гарда го потврди загинувањето на двајцата свои припадници од кои еден е поранешен телохранител на поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад. Иран е најголемиот сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад во регионот и обезбедува значителна воена и економска помош во текот на 4 годишната граѓанска војна.

XS
SM
MD
LG