Достапни линкови

Кундуз: Бројот на жртвите при нападот на болницата се искачи на 23


Меѓународната организација Лекари без граници соопшти дека бројот на жртвите од американскиот воздушен напад на болница во северен Авганистан се искачил за уште еден откако е потврдена смртта на еден вработен. Организацијата сооптши дека бројот на загинати во нападот на болницата во Кундуз кој се случи на 3 октомври сега изнесува 23 од кои 13 вработени и десет пациенти. Американскиот претседател Барак Обама се извини за нападот а командантот на силите на НАТО во Авганистан рече дека било грешка. Истрагата за инцидентот е во тек.

XS
SM
MD
LG