Достапни линкови

Чибишев:ВМРО ДПМНЕ имотот го купи во крајно транспаретна постапка


ВМРО ДПМНЕ во крајно транспарентна и законска постапка купи седишта за општинските комитети низ земјава во кои што нашите членови би имале елементарни услови за работа, реагираат од ВМРО ДПМНЕ по прес конференцијата на СДСМ на која ги обвинија дека за неполни две години купиле 63 објекта.

“СДСМ е партија која наследи огромен имот од поранешниот Сојуз на комунисти на Македонија. До ден денес тие користат имот кој е граден со пари од сите граѓаните и за тоа не дале никаква сметка и не понеле никаква одговорност” рече пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Андон Чибишев.

Тој тврди дека имотот на СДСМ чини најмалку 5 000 000 евра и тие не биле како што вели пари од чланарини, ниту од донации туку пари на сите граѓани на Република Македонија коиСДСМ ги зграбила како наследник на Сојузот на комунисти.

XS
SM
MD
LG