Достапни линкови

logo-print

Бангладеш:Бомбашки напад на шиитски собир


Полицијата во Бангладеш соопшти дека најмалку едно лице загинало, а 80 се повредени во бомбашки напад на собир на малциството шиитски верници во главниот град Дака денеска. Инцидентот се случил во Хусени Далан, клучно место за Шиитите во моментот кога повеќе од 20 000 луѓе биле собрани за религиозен обред.
Засега никој не ја преземена одговорноста за нападот, а полицијата на лице место уапси двајца осомничени. Нападот се случува во период во кој шиитското малцинство го празнува Ашура, десет дневен ритуал со кој ја одбележуваат смртта на Имамот Хусеин, внук на пророкот Мухамед. Најмалку 18 луѓе загинаа а десетици беа повредени во сличен напад на шиитски собир во Пакистан на 23 октомври. Денеска шиитскиот лидер Суед Хамид Али Шах Мусави побара заштита и акција од пакистанската влада против оркестрираните напади.

XS
SM
MD
LG