Достапни линкови

Јапонија и Туркеменистан потпишаа вреден бизнис договор


Јапонија и Туркменистан потпишаа бизнис договор вреден повеќе од 18 милијарди долари. Договорите од областа на енергетиката и инфраструктурата беа потпишани вчера при посетата на јапонскиот премиер Шинзо Абе на Туркменистан. Абе во Ашгабат се сретна и со туркменистанскиот претседател Гурбангулу Бердумукамедов. Според Јапонија Тајмс, Абе е првиот јапонски премиер кој го посетува Туркенистан. Тој е во посета на шест држави во чии рамки ќе посети уште четири други централно азиски земји. Според аналитичарите ова е обид да се намали кинеското влијание во регионот богат со ресурси.

XS
SM
MD
LG