Достапни линкови

Шилегов: ВМРО ДПМНЕ за две години купиле 63 објекти


Во текот на 2014 и мал дел во 2015 година ВМРО-ДПМНЕ купила 63 објекти на различни локации со вкупна квадратура од близу 12.000 метри квадратни, рече на денешната прес конференција портпаролот на СДСМ Петре Шилегов кој покажа и папка во која како што рече имало докази за тоа.

“Вкупниот приход што ВМРО-ДПМНЕ го прикажала за 2014 година изнесува помалку од 4 милиони евра. ВМРО-ДПМНЕ како и нејзините функционери со малку пари купува огромен имот”рече Шилегов.

Тој тврди и дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ директно го кршеле договорот од 2 јуни /15 јули бидејќи како што рече се плашеле од комплетирањето на специјалното јавно обвинителство и од независен министер за внатрешни работи. Според него станувало јасно дека не се работело за како што рече личен или семеен туку партиски криминал.

XS
SM
MD
LG