Достапни линкови

Исламабад спремен да му помогне на Кабул во разговорите со Талибанците


Пакистанскиот премиер Наваз Шариф вчера рече дека му кажал на авганистанскиот претседател Ашраф Гани дека Исламабад е спремен да помогне во обновувањето на мировните разговори меѓу Кабул и Талибанците. Но Шариф додаде дека тие не можеле да ги донесат Талибанците на маса и да бараат да бидат убиени во исто време.Шариф ова дополнително не го објасни но неговиот коментар се толкува во контекст на американското барање за Пакистан да ги елиминира талибанските упоришта на сопствената територија. Тој ова го кажа во рамки на говорот во американскиот институт за мир во Вашигтон по средбата со претседателот Барак Обама.

XS
SM
MD
LG