Достапни линкови

Црногорската полиција го одобри вечерашниот протест на опозицијата


Црногорската полиција соопшти дека планираниот за вечерва протест на опозицискиот Демократски фронт е одобрен, но предупреди дека се можни инциденти, информира националната телевизија РТЦГ.Протестот ќе почне во 19 часот по локално време и може да трае најдоцна до недела во шест часот изутрина, соопшти полицијата. Вчера претседателот Филип Вујановиќ ги повика организаторите на протестот да се погрижат демонстрацијата да протече мирно, без загрозување на јавниот ред и мир и без да ја нарушува слободата и правото на останатите граѓани. Дел од црногорската опозиција, обединета околу Демократскиот фронт, кој протестира веќе 20 дена, и даде на Владата рок до денеска да поднесе оставка, заканувајќи се со проширување на протестите. Премиерот Мило Ѓукановиќ соопшти дека владата по сериозно разгледување на барањата на опозицијата одлучила дека нема основа да поднесе оставка и има легитимно право да ја продолжи работата.

XS
SM
MD
LG