Достапни линкови

logo-print

Сирија:Москва спремна да ја поддржи опозицијата во борбата против ИД


Москва соопшти дека руските воздушни сили во Сирија се подготвени да обезбедат покривање за Слободната сириска армија, опозициска група поддржана од западат која се бори против претседателот Башар Ал Асад, во нивната борба и против екстремистичката група Исламска држава.Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска рече дека се подготвени од воздух да ја поддржат патриотската опозиција, т.н. Слободна сириска армија. Во интервју за телевизискиот канал Русија 1 Лавров рече и дека претседателските и парламентарните избори мора да бидат дел од кое било политичко решение на сириската криза.
Пред два дена рускиот претседател Владимир Путин рече дека Асад му пренел дека е подготвен на разговори со руската вооружена опозиција ако се спремни на дијалог и на борба против ИД. Путин ова го кажа два дена по изненадувачката посета на Асад на Москва. Некои западни влади предводени од САД ги критикуваа руските воздушни напади во Сирија тврдејќи дека тие повеќе се насочени кон опонентите на Асад, некои од нив поддржани од западот, а како резултат на тоа се зајакнале позициите на Исламска држава.

XS
SM
MD
LG