Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат насилствата на Блискиот исток


Израелската војска соопшти дека осомничен палестински напаѓач бил убиен на преминот меѓу Израел и Западниот брег денеска. Од војската велат дека осомничениот се обидел да ги нападне службениците на контролната точка по што бил застрелан. Ова се случува откако американскиот државен секретар Џон Кери се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас во обид да се запре бранот на насилства за кој што многумина стравуваат дека го најавува третото палестинско востание.
Двајцата, Кери и Абас изразија надеж дека решение може да се најде. Состанокот се одржа во Јордан каде што Кери исто така ќе се сретне со јорданскиот крал Абдула.Тој одржа состанок со израелскиот премиер Бенџамин Нетањаху вчера во Берлин.
Во последните неколку недели десет Израелци беа убиени во палестински напади, додека 49 Палестинци беа убиени од израелски оган.

XS
SM
MD
LG