Достапни линкови

Русија го распрашува Твитер за критики од извршниот директор


Рускиот интернет регулатор го праша претставникот на Твитер Алексеј Шелестонко дали неговиот критицизам кон руските лидери на Твитер вчера ги одразува официјалните ставови на компанијата. Најверојатно револтиран поради актуелната судска пресуда за лидерот на опозицијата Алексеј Навални, Шелестенко твитна дека руските лидери меѓу кои и претседателот Владимир Путин се дрски крадци кои порано или подоцна ќе бидат казнети. Тој подоцна напиша дека неговата твитер сметка е приватна и има право да го изрази неговото мислење. Таквите силни политички пораки го предизвикаа Роскомнадзор да прати официјално писмо до Твитер со барање за разјаснување на пишувањата на Шелестенко околу тоа дали ја одразуваат позицијата на компанијата или не.

XS
SM
MD
LG