Достапни линкови

logo-print

Западните лидери со предупредување до Косово


Западните лидери предупредија дека повторните потези на опозициските пратеници со цел да ја опструираат работата на косовскиот парламент преку пуштање на солзавец во зградата ја повредуваат балканската нација. Жак Миниане, првиот човек на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд при посетата на Приштина вчера рече дека ММФ се загрижени дека ова може да ја загрози довербата на инвеститорите кон Косово. Според него овие одложувања на изгласувањето на важното законодавство, се критични за владината економска реформска агенда. Во јуни Косово постигна договор со ММФ за заем од 204 милиони американски долари а услов е постигнување на економски реформи кои треба да се усвојат во собранието. САД, еден од најголемите поддржувачи на младата држава, соопштија дека постојaните опструкции од опозициските пратеницинегативно ќе влијаат врз косовските амбиции за интеграција во Европската унија.

XS
SM
MD
LG