Достапни линкови

Договор нема, преговорите продолжуваат


Уште една полноќна лидерска сеанса без резултат. На маса биле сите отворени прашања, а според Питер Ванхауте, важно е што преговите за примена на Пржино продолжуваат.

Белгискиот медијатор за примена на договорот од Пржино Питер Ванхауте, по двочасовната средба на лидерите на четирите партии во Скопје што започна на полноќ, изјави дека на средбата не е постигнат договор.

Можам да кажам дека имавме корисни разговори иако не постигнавме договор. Добро е што луѓето почнуваат да разговараат. Се надевам на најдобро, но времето притиска се очекува извештајот за напредокот и препораката.

Според Питер Ванхауте, важно што преговорите продолжуваат уште денеска и во наредните денови на билатерално ниво, а неизвесно е кога ќе има заедничка средба на работната група.

„Можам да кажам дека имавме корисни разговори иако не постигнавме договор. Добро е што луѓето почнуваат да разговараат. Се надевам на најдобро, но времето притиска се очекува извештајот за напредокот и препораката“, рече Ванхауте.

На лидерската средба во Клубот на пратениците се дискутирало за Специјалното обвинителство, надлежностите на министрите и заменик министрите, законот за „бомбите“ и оној за таканаречените свиркачи.

На средбата присуствуваа Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, како и евроамбасадорот Аиво Орав и претставници на други амбасади.

Претходно премиерот Никола Груевски имаше средба со амбасадори на ЕУ кои му ја пренесле пораката од Брисел за решавање на кризата во Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG