Достапни линкови

Средба на партиските лидери на полноќ


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Доцна вечерва, односно на полноќ во Клубот на пратениците ќе се одржи средба на лидерите на четирите најголеми партии во земјава потписници на договорот од Пржино. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев за Радио Слободна Европа ја потврди информацијата. На средбата освен Заев треба да присуствуваат и лидерите на ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, односно Никола Груевски, Али Ахмети и Хашим Тачи.

Четворицата лидери ќе разговараат за разликите кои ги имаат околу отворените прашања поврзани со спроведувањето на договорот од Пржино. Преговорите на партиските лидери, на кои присуствуваше и еврокомесарот Јоханес Хан пред неколку денови пропаднаа, а роковите за постигнување договор се пробиени.

XS
SM
MD
LG