Достапни линкови

logo-print

Јапонија и Туркменистан со договори вредни 18 милиони долари


Јапонскиот премиер Шинзо Абе со туркменистанскиот претседател Гурбангули Бедимухамедов.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе со туркменистанскиот претседател Гурбангули Бедимухамедов.

Јапонија и Туркменистан потпишаа бизнис договори во вредност од над 18 милиони долари. Енергетските и инфраструктурни договори беа потпишани за време на посетата на Туркменистан на јапонскиот премиер Шинзо Абе. Претходно, Абе оствари средба и со туркменистанскиот претседател Гурбангули Бедимухамедов. Аналитичари соопштија дека посетата на Абе е со цел да се намали растечкото влијание на Кина во регионот богат со природни богатства.

XS
SM
MD
LG