Достапни линкови

Забрана за Лекари без граници во Доњецк


Проруските бунтовници соопштија дека им забраниле на Лекари без граници да работат во украинскиот сепратистички регион Доњецк, поради прекршување на локалните закони. Директорот на Лекари без граници, Барт Џенсенс изјави дека одлуката е вознемирувачка и нејасна. Тој додаде и дека се екстремно загрижени, бидејќи сега ќе треба да прекинат со лекувањето на луѓето во регионот. Според украински медиуми, претставниците на Лекари без граници најмногу работеле во болницата за туберколоза во Доњецк и во затворите.

XS
SM
MD
LG