Достапни линкови

Офанзива против талибанците во северен Авганистан


Островот на реката Аму Дарја.

Островот на реката Аму Дарја.

Неодамнешната офанзива спроведена од страна на силите на авганистанскиот потпретседател Абдул Рашид Достум принудила неколку десетици талибанци да избегаат на остров на Аму Дарја, река која го дели Авганистан од Туркенистан. Силите на Достум претходно нападнаа села во покраина на северот од Авганистан при што убија 30 милитанти и запленија возила, оружје и муниција.

Авганистанските власти соопштија дека Туркменистан е информиран за воената операција. Авганистанските сили сега се подготвуваат да ги нападнат милитантите на островот, при што го предупредиле и Туркменистан дека тие може да пребегаат во земјата.

XS
SM
MD
LG