Достапни линкови

Зголемен приливот на мигранти во Грција


Меѓународната организација за миграција соопшти дека приливот на мигранти во Грција достигнал бројка од 48 илјади во изминатите денови. Според организацијата, тоа е највисоката бројка во рок од една недела во текот на оваа година. Со тоа бројката на мигранти кои досега пристигнале во Европа изнесува 681 илјада.

Во меѓувреме Агенцијата за бегалци на ОН соопшти дека руските воздушни напади и интензивирањето на борбите околу сирискиот град Алепо придонеле на зголемување на динамиката на раселување. Но, директорот на УНХЦР за Блискиот Исток, Амин Авад изјави дека тие фактори не придонеле многу за егзодусот на бегалците. Според него, бројката на внатрешно раселени лица во Сирија паднала од 7,6 на 6,3 милиони.

XS
SM
MD
LG